Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

0
210

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори.

Вчера попладне, Собранието со 110 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан донесе одлука за самораспуштање.

Сепак и покрај тоа што денеска се донесе Буџетот за 2017 година, измените кои ги побара специјалната обвинителка Катица Јанева во Законот за заштитени сведоци, како и рокот на постоење на СЈО, пратениците од владејачката коалиција ги избегнаа и не го прифатија предлогот на Павле Трајанов истите да се донесат пред да се распушти Собранието.