Велигден во Јени маало

0
3172

Во една од најстарите населби во градот, обичај било покрај градењето на своите куќи да се остави и поголем широк простор кој ќе им служи на жителите за собири.

 

1
Населбата Гинимале) била единствената населба во Битола со сретсело.
Населението што се доселувало со себе ги носело и своите обичаи. Секоја фамилија си имала своја слава.Но си имале и една најголема,заедничка.

2
Таканаречениот градски, односно селски Велигден.

3
Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.

4
Обичајот започнувал во четвртокот по Велигден кога гостите од селата доаѓале во црквата „Света Недела“ во Битола и присуствувале на вечерна служба во дворот на црквата.Таму се одржувал и голем народен собор на кој се играло и се пеело до зори.Петокот наутро на Балаклија веселбата продолжувала, а гостите продолжувале кон Битола. Оделе на сретсело каде што продолжувале ората и песните, а за ручек оделе во генимаалските роднини и пријатели.

5

8

9