Велика Британија нема да има пристап до слободниот пазар, ако ја напушти ЕУ

0
528

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја „затвори вратата“ пред Велика Британија за нејзиното останување во европскиот слободен пазар во случај нејзините гласачи да одлучат земјата да ја напушти ЕУ, пренесе The Guardian.

„Јас и моите колеги од еврозоната ќе направиме нешто за да ги ограничиме последиците. Ние сметаме на сите можни сценарија“, вели тој.

Шојбле не исклучува дека во случај на Brexit и други земји-членки ќе се префрлат на оваа акција.

„Не треба да го исклучиме тоа“, рекол тој. Министерот истакнал дека излегувањето на земјата од ЕУ ќе има економски последици за самите Британци.

„Ќе биде чудо ако тоа се случи без штета врз економијата“, посочил тој.

Шојбле ја исклучи можноста Британија да остане и да ужива во предностите на европскиот внатрешен пазар во случај на „Brexit“.

Во меѓувреме, тој додаде дека „Европа во краен случај ќе може да функционира и без Велика Британија“. „Референдумот за членството во ЕУ треба да се гледа како предупредување и сигнал дека така како порано, не треба да се продолжи“, заклучил тој.