Велика Британија планира да го намали данокот на добивка под 15%

0
200
Chancellor of the Exchequer George Osborne delivers his keynote speech on the second day of the Conservative Party Conference at Manchester Central in Manchester. PRESS ASSOCIATION Photo. Picture date: Monday September 30, 2013. See PA story TORY Osborne. Photo credit should read: Dave Thompson/PA Wire

Велика Британија планира значително да го намали данокот на добивка кој го плаќаат претпријатијата на под 15%, најави британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.
Ова е прва поважна одлука која Велика Британија ја носи после гласањето на референдумот за излез на земјата од ЕУ. Во интервју за Фајненшл Тајмс тој ја изразил намерата на Велика Британија да воспостави супер-конкурентна економија со ниски даноци. Претпријатијата кои работат во Велика Британија сега имаат обврска да плаќаат 20% данок на добивка, и со намалувањето за 5% земјата ќе има најниски даноци во споредба со сите развиени економии.

“Мораме да останеме фокусирани на патот кој ни претстои и да извлечеме најголема корист од дадената ситуација по референдумот”, изјавил Озборн потенцирајќи дека намалувањето на даноците и значаен потег кој Британија мора да го направи за да ги убеди инвеститорите дека е отворена за бизнис.
Оваа мерка со која Велика Британија би се приближила до Ирска која има данок на добивка од 12,5%, може да ги заинтересира претпријатијата посебно оние кои размислуваат да си заминат заради несигурноста после Brexit. Референдумот кој беше организиран на 23 јуни, на кој мнозинството Британци одлучија да ја напуштат ЕУ, предизвика драстичен пад на фунтата во однос на доларот и потрес на берзите.
Самата најава за намалување на даноците од страна на Велика Британија предизвика реакции дека овој потег би бил фактички првиот чекор во отпочнување на преговорите со ЕУ и дека Британија пред да го направи ова мора да размислува како на ова ќе реагира ЕУ.