Велика сабота – Ден пред Христовото воскресение

0
659

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Велика сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на големиот покој е времето кога христовото тело е во гробот. Сабота е втор ден на жалост, тага и молк, како ден за чување на гробот.  На велика сабота прво се служи утринската литургија, кон чиј крај – плаштеницата  се носи околу храмот, носејќи ја до отворените царски двери и се враќа во „гробницата“ на средина од црквата. Со читањето на апостолите завршува погребалниот ден сабота, попладнето, и започнува претпразничното свето христово воскресение. На полноќ, православните верници го прославуваат христовото воскресение – Велигден, кој се смета за еден од најголемите христијански празници.

Без коментари

LEAVE A REPLY