Велика Сабота

0
526

Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот.

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Во Македонија некои на Великата сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи.

На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.