Велики Четврток, почнуваат Велигденските празнувања

0
862

Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великопосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење.

На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија.
Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и се што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, завршувањето на Тајната вечера и излегувањето од Ерусалим кон Елеонската Гора – во Гетсиманската Градина.