Вело бон тон за 40-тото издание на Битола на точак

0
683

– Точакољупци, да ги почитуваме правилата и да се симнуваме од точакот секогаш кога преминуваме на пешачки премин. Возењето по истиот е опасно, бидејќи се случува шоферите да не го забележат забрзаниот велосипедист на време и да сопрат-велат од Битола на точак. 40 тото јубилејно издание на Битола на точак беше посветено токму на вело бон тонот. Еве уште некои од правилата-Кафето и прошетката на Широк Сокак значат живот за битолчани, но никако не би смееле да возиме велосипед низ него. Да се потсетиме дека оваа улица е пешачка зона, строго забранета за велосипеди и моторни возила.

– Слушањето гласна музика при возење точак можеби е забавно, но е опасно. Секогаш водете сметка дека позади вас може да има автомобил кој наближува, а да не го слушнете. Ставете слушалка само на едното уво со намален тон и уживајте во возењето.
– Планирате да возите велосипед навечер? Не заборавајте дека законска обврска на секој велосипедист е да стави предно бело светло, задно црвено светло и катадиоптри со портокалова боја од страните.
– Точакољупци, често знаеме да се жалиме за шоферите, но колку ние самите ги почитуваме правилата и културата на возење точак? Дали служиме како пример за останатите велосипедисти?-додаваат организаторите на настанот.

• Ставете си ѕвонче за да ѕвоните кога сакате да бидете чуени.
• Ставете си исправни сопирачки за да кочите на време.
• Знаеме дека нема доволно велосипедски патеки, но секогаш кога има – користи ги!
• Не возете под дејство на алкохол.
• Не правете слалом низ колоната со возила, дури и кога се запрени.
• Симнувајте се од точакот кога преминувате на пешачки премин.
• Не возете над 25 км/ч низ градските улици.
• Не водете животни со каиш додека возите точак.
• Кога нема велосипедска патека вози од ДЕСНАТА страна на коловозот.
• Заѕвони им на залутаните пешаци. И за нив е нешто ново да имаме обележување на велосипедските патеки, имај трпение.
• Комуницирај, комуникацијата е суштинска кога си влегол во сообраќај. Праќај сигнали кон околината секогаш кога правиш промена во движењето.
• Пружај десна рака за вртење десно, лева рака за вртење лево. Подигни рака кога нагло застануваш.
• Кога се разминуваш со друг велосипедист, зафати ја твојата десна страна.
• Кога претекнуваш друг велосипедист што вози во иста насока прави го тоа од левата страна.
Ставете си и широка насмевка за да го пресретнете битолскиот метеж.
И бидете добар пример на велосипедскиот вид .