Велоспидска тура “TOUR DE GALICICA“

0
850
По трет пат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската тура “TOUR DE GALICICA”.На годинешниот настан кој е во организација на Велоспидското друштво Преспа Бајк од Ресен , потпомогнат од Општина Ресен и SWG ( меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на западен Балкан) се очекува учество да земат преку 400 велосипедисти од земјата и од Република Албанија.
Велосипедистите промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење во Преспа ќе имаат одлична можнаст да ги запознаат убавините на Националниот Парк Галичица низ кого на оф- роад патека ќе возат 35 километри , Останатите 35 километри ќе ги возат низ локалните патишта во Ресен. Стартот на оваа ревијална велосипедска тура е во Ресен на 19.07.2016 во 9 часот.
Претходно за сите улчесници кои доаѓаат од сите краеви на Република Македонија воспоставен е базен камп на плажата пред хотелот Лејк Вју  каде од денеска логоруваат во шатори поголем број на учесници.
За сите нив во Отешево и за сите други љубители на журка на плажа вечерва покрај брегот на Преспанското езеро се организира музички хепенинг.