Велс ја освои групата, во осминафиналето и Англија и веројатно Словачка

0
537

Репрезентациите на Велс и Англија изборија пласман во осминафиналето од Б групата, а многу веројатно е дека во нокаут фазата од оваа група ќе игра и Словачка, која заврши на третото место со четири бода и гол разлика 3:3.

Велс, кој по 58 години пауза игра на едно големо натпреварување, во последното коло ја декласира Русија со 3-0 и го освои првото место во групата, додека Англија не успеа да го пробие словачкиот бункер и со освоениот бод завши на второто место.

Велшаните против Русија доминираа во текот на целиот натпревар, а нивна уште поубедлива победа спречи голманот Акинфеев кој беше најдобриот руски играч на овој меч.

Велс првиот гол го постигна во 11.минута, кога Ален со одлично додавање го исфрли сам Ремзи пред рускиот гол. Девет минути подоцна левио бек на Велс, Тејлор, излезе сам пред Акинфеев, рускиот голман го одбрани првиот удар, но топката повотрно се одби до Тејлор кој погоди за 2:0.

Конечниот резултат го постави Бејл во 67.минута по асистенцијата на Рамзи. Бејл го постигна својот трет гол на ЕП и ја презеде лидерската позиција на листата на најдобрите стрелци.

Англија се обиде да слави против Словачка, но не успеа да го пробие бункерот на противникот. Две одлични шанси не реализираа Варди и Лалана во првото полувреме. Во вториот дел англиската доминација не успеаја со гол да ја крунисаат ниту Клајн и Деле Али.

Словаците играа на бод и ја остварија својата намера, најмногу благодарение на одличниот голман Козачик.