Венчавка од соништата на Маја и Асел

0
252

Во ресторан Балукс својата венчавка ја имаше поранешната водителка на Ритамот на градот, Маја Мискарова и избраникот на нејзиното срце Асел.

Вистинската венчавка од соништата е таа креирана по сопствена желба

водена од сопствениот стил на изразување, украсена со многу љубов и заеднички интереси кои младите ги споделуваат.

Maja_-_2.jpg

Оваа венчавка во секој случај беше нешто посебно а љубовната приказна започна пред 4 години за сега да биде крунисана со брак но и синчето Марко кое на денот на венчавката наполни 30 дена.

Венчавката беше комбинација на македонска и арапска музика , спојување на различни култури преку љубовта.

Maja_-_3.jpg

Помеѓу гостите на свадбата и братот на Асел кој е воодушевен од Македонија и воедно им честиташе на младите.

Maja_-_5.jpg

Изборот на венчаница е една од поважните работи за вечерта,иако се носи само една вечер, Тој ден треба невестата да изгледа беспрекорно,

венчавката е денот од животот кога ќе се чувствувате и ќе изгледате како кралица.

Maja_-_4.jpg

Маја изгледаше токму така на венчавката за која за одличниот избор на музика се погрижи група Елита.

Од венчавката најубавите спомени ќе се паметат засекогаш а ние им посакуваме многу љубов на Маја и Асел.