Венчавка во Новаци инспирирана од сончогледите

0
517

За сите оние кои сакаат да бидат екстравагантни, оригинални, да отскокнуваат од другите, цвеќара Кремисимо секогаш нуди интересни идеи.
Така беше и на венчавката во предворјето на црквата Св. Богородица во општина Новаци, венчавка иснпирирана од сончогледите.
Сончогледот асоцира на топлина, светлина, верност. Совршен за почеток на една нова нераскинлива врска, еден нов живот. Со подарување на сончоглед всушност покажувате дека таа личност е центарот на Вашиот универзум. Значи венчавката е идеален момент да се покаже колку Ви значи партнерот.
Токму од оваа идеа тргнаа и од цвеќара Кремисимо за декорирање на венчавката на Драган и Тара Дојчиновски.И младите имаат интересна приказна. Таа од Англија а тој од Новаци.
Се запознаваат додека работеле на брод па нивното познанство набргу се развива во врска а сега и во брак.
Својата прослава се одлучуваат да ја направат во општина Новаци, пред нивните роднини и пријатели а за оваа свечена прилика беа присутни и гостите од Англија.
Погледите на присутните ги пленеа токму декорациите од сончогледи-од масите со сончогледови цветови, главната маса на младите ,бидермаерот.
Топлината и светлината на сончогледовите цветови ја направи и оваа венчавка единствена и уникатна која уште долго ќе остане врежана во спомените на сите присутни.