Венчавка во стилот на 80-тите на режисерката Софија Ристевска

0
161

Венчавката е еден од најубавите моменти во животот на човекот
Спој на љубовта, приказна која уште долго се прераскажува.
Затоа венчавката треба да е уникатна, да кореспондира со животниот стил на младите.
Венчавката на режисерката Софија Ристевска и избраникот на нејзиното срце Спасе, беше токму таква- уникатна, волшебна,полна со позитивна енергија.

SOFIJA_1.jpg

А Софија уникатна како и секогаш, овојпат и во изборот на венчалниот фустан кој беше креација на Андреј Ѓоргиевски Папаз.
Гости на венчавката беа повеќе театарски работници од битолски, велешки и охридски театар.
Венчавката беше во стилот на 80 тите години- разиграна, весела.
За забавата во ресторан Арена, се погрижија група Калабалак и Brass brothers, а ова е во секој случај венчвкa за која уште долго ќе се зборува.