Венецуела пред граѓанска војна

0
286

Анархија во Венецуела. Масовни антивладинипротести со смртоносно насилство. Шестнаесетгодишно момче е последната жртва на протестите против претседателот Никола Мадурo. Со неговата смрт бројот на жртви се искачи на 105 лица. Сите се убиени во последните три месеци.

Под називот „Отпор“ илјадници лица во Венецуела секојдневно протестираат против планот на Мадуро да го заземе националното собрание и да го промени Уставот. Протестите траат повеќе од три месеци и се повеќе наликуваат на граѓанска војна. Блокирани патишта. Аматерски изградени ровови. Смртоносни престрелки меѓу војската на Мадуро и неговите противници.

„Не опишуваат како терористи..Но, мислам дека секој млад човек би се согласил дека ние сме храбри борци…Го браниме нашиот народ од брутална диктатура“.

„Ние сме тие што страдаат од лошите одлуки на власта.. Затоа немаме избор освен да се бориме за независност и слобода“, велат дел од граѓаните.

Се започна во април годинава, кога претседателот  го објави планот за преземање на националното уставотворно собрание, кое го контролира опозицијата на Венецуела. На неофицијален референдум, на кој гласаа повеќе од 7 милиони граѓани, планот на Мадуро бил отфрлен од 98 отсто од гласачите.

Притисоци има и од меѓународната заедница, особено од САД, кои најавија економски и политички санкции за Венецуела, доколку претседателот не се откаже од својата намера.  Сепак, Мадуро не попушта. Гласањето за неговата одлука за преземање на собранието е закажано за во недела.

Без коментари