Весела матурска прослава на музичкото училиште Битола

0
1526

Матурската забава на матурантите од државното музичко училиште од Битола , се одржа во ресторанот Белведере.

Матурата е настан кој што се чека цела година. Се прават подготовки, се организира се до најситен детал да биде совршено.

На самиот влез се играше, се пееше, се фотографираа, додека битолчани љубопитно ги гледаа згодните матуранти и матурантки кои изгледаа како да стигнале од некој гламурозен филмски фестивал.

Класниот раководител Миле Трајковски посебно горд на своите ученици.

Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа момчиња со одличен стајлинг, до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови.

Во весела aтмосфера, овие матуранти го прославија завршувањето на средното училиште и се присетуваа на средношколските денови.

Во секој случај, покрај спомените од средношколските денови, дружењето ,матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе им остане во најубаво сеќавање на матурантите.