Вешт крадец влегол в театар

0
688

По вчерашната информација за кражбата што се случила во театарот во Битола, денеска на прес конференција директорот Валентин Светозарев рече дека очигледно било дека вешт крадец влегол во театарот.

Украдено е оружје кое популарно се нарекува плашливци и кое само изгледа дека е вистинско оружје, а се чувало во специјална просторија, во која пак имало специјална кутија каде што било затворено.

Светозарев очекува дека органите на прогонот ќе го расветлат случајот.