Весникот “Илинден” повторно почна да се печати

0
397

Весникот “Илинден”, гласилото на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, повторно се печати со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада.
На тој начин, од следниот број весникот ќе продолжи да се дели низ Албанија, но да се дистрибуира и сред дијаспората по светот, секаде каде што живеат Македонци.

„Сред Македонците во Торонто, Канада наидовме на искрени соработници и борци за македонското дело и свесни сме дека, доколку не беше нивната финансиска поддршка, весникот „Илинден“ веќе ќе беше замрен засекогаш и немаше повеќе да излегува. Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза“, се вели во соопштението од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. /крај/мф

Без коментари

LEAVE A REPLY