Ветерот ја крена прашината од пепелта во РЕК

0
1751

И денеска од Битола може да се забележи прашината која се крева во долниот дел на Пелагонија.

Доаѓа од отворените депонии на Рек Битола каде што се одлага пепелта.

Ваквите слики наидоа на осуда, критики и многу коментари во јавноста, особено на социјалните мрежи.

Од здружението „За нас се работи“ најавија кривична пријава против непознат сторител.

Пред извесно време од Рек Битола објаснија дека одлагањето на пепелта на отворена депонија ќе продолжи и во наредната деценија и дека таа соодветно се третира со посипување со земја и засадување садници, но признаваат дека проблем е ветерот доколку го има во момент кога трае одлагањето на пепелта.