Ветувачки проект на КК Пелистер

0
1174

Откако се трансформира во акционерско друштво, КК Пелистер ги постави сите структури во клубот и одржа прес-конференција на која ги претсави плановите на долг период. Претседател на клубот е Љупчо Стефановски, нов спортски директор Благој Печалов, а шеф на стручниот штаб Зоран Петковски. „Сите детали од буџетот кои ги побаравме, општина Битолан која е единствен акционер во клубот, ни ги исполни. Имаме и други помагатели, но во овој момент немаме грижи од организационен карактер. Спортскиот директор Печалов исто така ќе работи со младинските категории во клубот. Наша цел е да создадеме стабилен второлигаш и со текот на времето да се развијат домашните кошаркари и да се промовираме во стабилен прволигаш“, истакна новиот претседател, Стефановски. Петковски, кој своевремено беше капитен на екипата, сега е најмладиот тренер во историјата на Пелистер. Ветува борба и создавање на проект со цврсти темели. „Имаме комплетно битолска екипа, со исклучок на еден кошаркар, играме полетно, дури и над очекувањата. Загубивме само два натпревари и тоа во гости од директните конкуренти. Верувам дека ќе се стабилизираме, ќе создадеме база на кошаркари и кога ќе бидеме подготвени за 1-2 години ќе влеземе во Првата лига. Но не само за да влеземе, туку таму да се задржиме подолго време и да играме главна улога“, рече Петковски на прес-конференцијата по повод официјализацијата на клупската трансформација. Охрид е суверен лидер, а Пелистер презимува на второто место со многу позитивни вибрации за во иднина.

Без коментари

LEAVE A REPLY