Ветувањето на СДСМ за укинувањето на РДТ да се исполни веднаш

0
508

-Претставниците, пратениците во Собранието кои што ја добиле довербата на граѓаните а кои што припаѓаат на владеачкото мнозинство ветиле укинување на радиодифузната такса. Укинување на радиодифузната такска веднаш. Затоа овој предлог закон за укинување на радиодифузната такса веднаш, бараме да биде расправан, разгледан и изгласан по скратена постапка. На 29 март овде имавме изјава на Дамјан Манчевски во врска со оваа тема и нејзината итност дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја кочат работата во Собранието, граѓаните веќе денес немаше да плаќаат радиодифузна такса. Тоа денес беше на 29 март. Сега сме јули и ние би сакале во духот на она што од Заев беше побарано од опозицијата да биде конструктивна за предлозите кои што се во интерес на граѓаните, за ова политичко ветување на владеачкото мнозинство да овозможиме по скратена постапка да се дискутира. Шекеринска на 30 март истакна дека ако имавме нова влада, граѓаните веќе ќе беа ослободени од плаќање на радиодифузна такса. 30 март помина одамна, сега сме јули, имаме нова влада и сметаме дека е време оваа итност која што била потенцирана на 30ти март да биде приоритет за укинување на радиодифузната такса, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи и други аргументи со кој го поткрепува барањето за скратена постапка за овој закон. Тој истакна дека ова е предизборно ветување на Заев и СДСМ и дека граѓаните кои гласале за нив, очекуваат исполнување на ова ветување веднаш.