Видал низ солзи и се извини на нацијата

0
90

Фудбалскиот репрезентативец на Чиле, Артуро Видал, низ солзи и се извини на нацијата за сообраќајката која тој ја предизвика во алкохолизирана состојба.

Видал во целост го уништил своето Ферари, вредно 320.000 евра, а од сообраќајката се извлекол со полесни повреди. Видал во алкохолизирана состојба од казино се враќал во тренинг кампот на репрезентацијата.

„Бев во казино изпив два пијалоци и потоа имав сообраќајка. Во инцидентот го загрозив животот на мојата сопруга и на многу други. Ќалам поради тоа. Сакам да им се извинам на соиграчите и на целата нација. Непријатно ми е сега да зборувам на оваа тема, се срамам од она што го направив“, рекол низ солзи Видал.

Селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли реши фудбалерот на Јувентус да го задржи во тимот во продолжение на натпреварите на Копа Америка.