Видеа од пукањето во Париз

0
578

На Јутјуб се појави кратко видео на кое се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала Батаклон.

Ниту членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, ниту публиката во првите редови не сфаќаат што се случува. Но снимката тука прекинува.

Претходно Пари мач објави снимка од првата престрелка пред салата Батаклон, во која беа убиени 89 луѓе, но постои страв дека тој број може да биде поголем, зашто стотина луѓе се во болница со критични повреди.