ВИДЕО: 28 мртви, над 60 повредени во нападите на аеродромот во Истанбул

0
839

Најмалку 28 загинати и над 60 повредени е досегашната бројка на жртви на двата самоубиствени напади што се случија вечерва на главниот аеродром во Истанбул Кемал Ататурк, соопшти гувернерот на градот Васип Сахин.

Според него тројца самоубијци ги извршиле нападите, откако прво пукале со калашњикови. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи.

Полицијата пукала во нив за да ги спречи да ги детонираат бомбите.

Очевидец изјавил дека еден полицаец буквално му се нафрлил на напаѓачот по што овој ја активирал бомбата.