ВИДЕО: Како се прославуваше титулата на пат од Келн за Барселона!

0
120

Со чартер лет од Келн веднаш по завршувањето на финалето, Барселона се врати дома во Каталонија, Но славјето започна уште во авинот каде ракометарите и нивните најблиску со песна го славеа најголемиот трофеј од сезоната. Во авионот беше претседателот на клубот, Жозеп Мариа Бартоломеу, кој ги пофали своите ракометари и Карабатиќ го нарече „ракометниот Меси„. Токму французинот и капитенот Томас беа највесели прославувајќи ја победата против Веспрем од 28:23. Залечени се раните од минатогодишниот полуфинален пораз од Фленсбург и со деветтата европска титула, овие ракометари влегоа во историјата на големиот каталонски клуб.