ВИДЕО: Како уште од ноќи се чека ред за дрва

0
206

Грејната сезона е започната. Некои се уште ги чекаат дрвата за огрев што ги запишале за оваа грејна сезона, друг пак уште сега запишуваат за в година.

Неодамна информиравме за проблемот односно гужвите кои се создаваат пред Здружението на пензионери во Битола, каде пензионерите уште в зори одат да фатат ред за да запишат огревно дрво.

Деновиве, наш гледач ни испрати видео за тоа како пензионерите уште во текот на ноќта, односно во раните утриски часови се собрани, чекаат ред за запишување огревно дрви за в година.