ВИДЕО: Канонизиран Св. Кипријан Слепченски

0
1380

Во манастирот Св. Јован Претеча во демирхисарското село Слепче за нов светец беше канонизиран Св. Кипријан Слепченски, со што започнаа свечените активности за одбележување на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Со службата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ – ОА, како и архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната црква.

Свети Кипријан Слепченски, маченички пострадал во 1780 година кога на Велики четврток бил нападнат манастирот. Според богослужбени текстови тој бил горен со оган кој бил запален од манастирските свеќи, се со цел бавно да страда, за на тој начин да се поколеба во верата и да се откаже од Христа. Свети Кипријан покажал цврста вера и натчовечко трпение, и како што е опеано во богослужбата, ни најмалку не се поколебал во верата ниту кога бил удиран од мачителите, ниту, кога бил горен од пламенот на свеќите. Сето тоа смело го поднел, знаејќи дека за привремените страдања на небесата го очекува вечен и нераспадлив светителски венец.

Во чест на Светиот, во манастирската црква „Св. Јован Претеча“, беше поставен камен темелник на нов конак со параклис.