ВИДЕО: Ким Јонг Ун му мафта на народот од автобус

0
903

Запознајте ја Северна Кореја од аголот на нејзината национална телевизиска станица.  Снимката во четвртокот ја објавил корисник на Јутјуб кој редовно пренесува сѐ што севернокорејската државна телевизија прикажува, а исечена е од традиционалната информативна програма која на народот му прикажува што сѐ направил Ким Јонг Ун за негово добро во последните 30 дена.

Да, во Северна Кореја гледачите секој месец со прилози од еден час навистина се информираат за тоа што сѐ нивниот врховен командант на Корејската народна војска и претседател на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја работел, каде сѐ бил, кого сѐ посетил…

Ако имате вишок време, погледнете ја целосната репортажа за активностите на Ким Јонг Ун во октомври.

www.mkd.mk