ВИДЕО: Мишевски го праша, а Мурињо предложи Пандев со приватен авион да дојде во Скопје

0
6629

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака утре да го види Горан Пандев на Телеком арена кога ќе се игра Суперкупот. Тој на попладневната прес конференција во Скопје предложи Пандев со приватен авион да дојде само за натпреварот и потоа веднаш да се врати во својот клуб Џенова.

Одговарајќи на прашањето на Зоран Мишевски, Португалецот се осврна на Горан Пандев и можноста да го види утре во Скопје, иако тренерот Горан Јуриќ не му дозволува да дојде во Скопје како амбасадор на УЕФА, заради професионалните обврски. Рече дека не сака да се меша во работата на неговиот колега од Џенова.

„Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука“ рече Мурињо.

Мурињо му беше тренер на Пандев во Интер и заедно ја освоија тројната круна: италијанското првенство, куп, како и Лигата на шампионите.

 

 

Без коментари