ВИДЕО: Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години го грабна Куп-трофејот

0
2369

Во тензично и не многу квалитетно финале на Купот на Македонија, Пелистер по изведувањето на пенали ја совлада екипата на Шкендија со 4-3 и стигна до втората титула од Купот на Македонија. Мечот во регуларниот тек и по продолженијата заврши без голови, 0-0.