ВИДЕО: Пелистер по втор пат го освојува Купот

0
2550

По подоброто изведување на пенали Пелистер ја победи Шкендија во финалето од Купот на Македонија и по втор пат во својата историја го крева големиот трофеј, натпреварот по 120 минути беше 0-0.

Шкендија не успеа да го одбрани трофејот, Пелистер е новиот освојувач на Купот на Македонија откако денеска во Струмица победи по подоброто изведување на пенали.
Битола по 16 години повторно се радува на трофејот во купот, Пелистерци одиграа херојски меч против фаворитот и заслужија да победат.
Шкендија ја имаше иницијативата во текот на целиот меч, Пелистер играше дефанзивно но беше опасен преку контра напади, имаше и посериозни шанси за гол во регуларниот дел да го решат натпреварот но тоа не се случи. Баже Илијоски пропушти две прекрасни можности.
Откако не беа затресени мрежите по 120 минути игра се премина кон изведување на пенали.
Во Шкендија не реализираа најдобрите играчи на тимот, Бесарт Ибраими го промаши целиот гол, но за негова среќа не реализираше ниту Лукас од Пелистер. Сепак Илче Петровски го одбрани ударот на Абдурахими, а Баже Илијоски го погоди последниот шут за Битолчани по што славјето можеше да започне.
Пелистер за прв пат по 2001 година го освојува Купот на Македонија, со ова битолскиот тим обезбеди и учество во квалификациите за Лига Европа.
Натпреварот го одбележаа и инциденти на трибините, поради националистички транспаренти и извикувања на навивачите на Шкендија натпреварот беше во десетминутен прекин, но откако ситуацијата беше смирена мечот продолжи во нормален тек.