ВИДЕО: Пет полицајци убиени во Далас

0
332

Пет полицајци беа убиени, од вкупно 11 повредени при пукање за време на протест во Далас, Тексас, пренесоа светските агенции, цитирајќи го Дејвид Браун, шеф на локалната полиција. Во меѓувреме три лица се приведени поради пукањето, а со четвртиот се водат преговори, бидејќи тврди дека е поставена бомба, пренесе Вашингтон Пост.

Првично началникот на полицијата на Далас, изјави дека двајца снајперисти стрелале врз полицајците. Веројатно двајца снајперисти стрелале од одредена височина. Пет полицајци се убиени, двајца сеуште се во критична состојба, двајца се оперираат во моментов, рече Браун.