Видео: Пожар на Турските гробишта

0
1298

Вчера доцна попладне поточно во 18.20 избувна голем пожар на местото викано „Турски гробишта“ во Битола. Пожарот го пријавиле граѓани во ТППЕ по што излегле на терен со две против пожарни возила и 7 пожарникари. За околу два часа пожарот бил локализиран.

Вчера дочна попладне екипите на ТППЕ од Битола интервенирале уште на две места. Пожар имало и во горно Оризари, горела трева, и на ул.26 бил запален контајнер. Пожарите најверојатно биле предизвикани од човечки фактор. Викендов во Битола имаше и други два поголеми пожари, едниот на месноста викана „Тепсија“, а другиот во близина на Кркрдаш.

Поради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период , од ТППЕ Во Битола велат дека се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, а ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од ваков вид пожари. Од таму со препораки да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи, пасишта и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг материјал што гори, да не се фрлаат отпушоци, да не се напушта огништето додека не се уверите дека огнот е потполно изгаснат.

Воедно предлагаат да се отстрани запаливата вегетација покрај јавните сообраќајници, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар. Доколку граѓаните оценат дека пожарот е мал и безбедно можат да го гаснат, да го сторат тоа со прирачни средства, а во спротивно да се оддалечат на безбедно растојание.Од ТППЕ додаваат дека доколку граѓаните забележат пожар да информираат на бесплатниот телефонскиот број 193.

Без коментари