Видео приказна за 110 годишнината од првите филмски кадри

0
194

За македонскиот филм како и за повеќето во светот, 20- ти век е век на неговото создавање и развој.

Десет години по првата проекција во Гранд кафе во Париз, браќата Манаки- Јанаки и Милтон, со нивната сега веќе легендарна камера 300 купена во Лондон, во дворот на нивната куќа во 1905 тата година ги снимиле првите подвижни слики кои воедно биле први на балканот.

Снимањето на нивната 114 годишна баба Деспина како преде со други жени од семејството и соседството е камен темелник за филмските кадри , камен темелник за македонската филмска историја.

Во рамките на “Бит фест“, се одбележаа сто и десет години од овој голем настан за седмата уметност, а настанот со наслов “Видео приказна“ во амбиенталниот простор на Магазата, беше убав потсетник за танцот на светлоста и сенките на подвижните слики, што го организираше кино- клубот “ Студио Милтон Манаки“ од Битола.

Во рамките на 110- годишниот јубилеј, ќе се одржи големиот интернационален фестивал на документарниот филм.