ВИДЕО: Солзавец на Идомени

0
958

Група од петстотини мигранти, револтирани што треба да го напуштат кампот, тргнале кон оградата на граничната линија што ги дели Грција и Македонија и почнале со камења да фрлаат кон припадниците на македонската полиција кои се распоредиле покрај оградата веднаш штом настанале немирите.

Грчката полиција употреби солзавец против оние кои бараат азил во кампот Идомени на грчко-македонската граница, откако група мигранти се обиде да ја премине границата и да навлезат во Македонија, јаввува Раша Тудеј, повикувајќи се на грчкиот веник Антена.

Според весникот неколку лица се повредени, но засега не се соопштуваат повеќе детали.

Според дел од информациите што се појавуваат на социјалните мрежи, мигрантите ја каменуваат полицијата.