ВИДЕО: Стампедо и паника во фан-зона во Париз

0
391

Во фан-зона во Париз за време на четвртфиналниот натпревар меѓу Италија и Германија на Еуро 2016 дошло до стампедо, предизвикано од огномет, за кој некои навивачи помислиле дека е експлозија на бомба и почнале избезумено да бегаат.

Инцидентот се случил во фан-зоната во подножјето на Ајфеловата кула.

На снимките се слушаат звуци на експлозија, а луѓето почнуваат да врескаат и да бегаат од фудбалските екрани.

Весникот Ла Паризиен објави дека има неколкумина сериозно повредени, додека голем број луѓе претрпеле полесно повреди.