Видео: Свечено примопредавање на функцијата градоначалник на Битола

0
2457

Утрово во 10 часот примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Битола. Вработените од општината пред зградата ја пречекаа новата градоначалничка на Битола Наташа Петровска, а во кабинетот на градоначалникот средба со доскорешниот градоначалник Владимир Талески и примопредавање на функцијата.

На свечениот чин на преземање на функцијата градоначалник на Општина Битола, доскорешниот градоначалник на новата градоначалничка и го предаде клучот од општината.

Талески и ја честиташе победата на локалните избори и и посака истрајност во работата и како што рече пред медиумите ова бил историски момент заради како што рече факотот дека тој имал три мандати како градоначалник а таа е првата жена која ќе раководи со општина Битола.

Новата градоначалничка Наташа Петровска им се заблагодари на сите и повтори дека ќе работи посветено и одговорно на барањата на граѓаните.