ВИДЕО: Војската поставува ограда на границата со Грција

0
453

Се активираше Армијата на Македонија на македонско-грчката граница. Со цел да се преземат мерки за спречување илегален влез на економските мигранти и нивно канализирање и насочување кон прифатниот центар, војската поставува ограда, столбови и жица. Оградата се поставува лево и десно од граничниот камен 59, колку што е процената на Координативното тело за справување со проблемот со бегалците. Пред да почне Македонија да ја оградува границата, Унгарија постави жичена ограда на своите граници со Србија и со Хрватска да го спречи напливот на мигранти, а потоа Хрватска, Србија и Македонија почнаа селективно да ги пропуштаат само бегалците од воени подрачја – Сиријци, Авганистанци и Ирачани. Другите мигранти со денови остануваат на македонско-грчката граница, на грчка територија.