Викенд на мртовци го наполни античкиот амфитеатар во Хераклеа до последно место

0
443

 

Викенд на мртовци е најновата претстава на Солза и смеа која пред многубројната битолска публика ја изведоа во Хераклеа.

Традиционално повеќе години Солза и смеа за своите фанови секоја година  изведуваат претстава во Хераклеа па така и оваа.

Во реализацијата на претставата беа вклучени постојаните членови на Солза и смеа но и неколку нови млади актери со кои велат дека подготвиле интересена претстава, со многу смешни ситуации .

Викенд на мртовци е урнебесна комедија која ја засмеа битолската публика која и овојпат дојде во голем број и го наполни античкиот театар до последно место.

Инаку, театарот Солза и смеа за 19 годишното постоење , има реализирано голем број на претстави.Со Жена ми се вика Борис, ја освоија македонската публика низ повеќе македонски градови.

Неда Маретиќ