Викенд на мртовци-најнова претстава на Солза и смеа

0
675

Театарот Солза и смеа во четврток на 9 -ти јули, на античкиот локалитет Хераклеа , премиерно ќе ја прикаже претставата Викенд на мртовци .

Во реализацијата на претставата се вклучени постојаните членови на Солза и смеа но и неколку нови млади актери со кои велат дека подготвиле интересена претстава, со многу смешни ситуации .
Викенд на мртовци е урнебесна комедија која членовите на Солза и смеа се надеваат дека ќе и се допадне на публиката.
Инаку, театарот Солза и смеа за 19 годишното постоење , има реализирано голем број на претстави.
Последната беше Жена ми се вика Борис со која претстава се претставија низ повеќе градови низ Македонија .
Доказ за успехот на Солза и смеа, се големиот број на награди и признанија низ фестивалите, турнеите, гледаноста на скечевите на Тера телевизија, филмовите, големиот број на посетители на нивните претстави.
Формирани на 7- ми февруари 1996 година ,во текот на 19 години постоење, создаваат насмевки на лицата на оние кои ги гледаат, 19 години театарска сцена, создавање уметност, дружење.
Денес Солза и смеа се бренд на Битола, препознатлив насекаде низ светот.
Почетокот на Викенд на мртовци е од 20часот и 30 минути.
Неда Маретиќ