Викенд временска прогноза

0
516

Денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се можни врнежи  во западниот регион, а навечер во јужниот и источниот крај.

Минималната температура повторно ќе има вредности од 2°С до 5°С, а на повисоките места околу -1°С, додека дневната температура ќе има вредности помеѓу 12°С и 14°С, односно околу 16°С на југоисток.

Пред нас е уште е еден викенд.

Она што го најавуваат метеоролозите е дека времето ќе биде  променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер.

Врнежите ќе бидат поизразени и краткотрајни во сабота а максималната вредност на температурата ќе достигне 15 степени Целзиусови.

За разлика од сабота, недела ќе биде потопло со максимална температура до 19 степени Целзиусови и локализирани врнежи од дожд. Минималната ќе се движи околу 7 степени.

Без коментари

LEAVE A REPLY