Викендов Битола ќе пулсира во ритамот на Солстис

0
166

Солстис е музички фестивал кој се одржува секоја година на првиот ден на летото, 21 јуни по повод Светскиот ден на музиката.
Битола како историски франкофонски град веќе 14 години го одбележува овој ден: десеттина отворени сцени долж „најмедитеранската” улица во земјата- Широк сокак, со настап на десетици музичари од сите музички жанрови го празнува истиот. Настаните се на отворено , по примерот на европските градови.SOLSTIS3.jpg

Француската Алијанса во соработка со Центарот за културна деконтаминација Битола, го претставува „Солстис” како предвесник на најдолгото културно лето во земјата „Бит фест”.

Идејата за првпат била зачната во 1976 година од страна на американскиот музичар Џоел Коен, кој подоцна бил ангажиран од страна на Француската национална радио станица „Франс Мјузик” (France Musique). Коен предложил цела ноќ музичка прослава на почетокот на летото (летниот солистициум), а идејата за првпат се реализирала во 1982 година во Париз.

SOLSTIS2.jpg

Денес се прославува ширум светот, а особено во стотина градови во Франција,но и во франкофонски градови долж Медитеранот. Целта е да се промовира музиката и на аматерските и на професионалните музичари, а од друга страна на публиката да и се понудат голем број на бесплатни концерти со различни стилови музика .