Викендов ќе паѓа метеорскиот рој Персеид

0
862

Метеорскиот рој Персеиди е веќе активен, а најинтензивен ќе биде викендов односно ноќта меѓу 11-ти и 12-ти август. Метеорите ќе траат до 24 август, но астрономите информираа дека викендов највидливо ќе може да се посведочи овој настан.

Интензитетот на метеорскиот рој варира од година в година, а може да достигне и над 60 метеори на час. Лани достигнале до 150 метеори на час, и ова се очекувањата за ова година, додека во 2004-та година во еден час можеле да се видат над 200 метеори.

Персеидите се појавуваат како резултат на согорување на остатоците од кометата Свифт-Татл, чија патека нашата планета секоја година ја пресекува во овој период.

За да видите што повеќе метеори, астрономите препорачуваат место кое е подалеку од градовите, бидејќи таму небото е потемно и да се свртите кон североисток.

http://novamakedonija.com.mk