Викендов ни носи облачно време

0
291

Денот ширум земјава започна со облачно и релативно врнежливо време.

Најизразени врнежи со зголемена тенденција се очекуваат во јужниот и источниот регион, а ќе има услови и за повремен пороен дожд, грмежи и ветер.

Температурата се очекува да биде околу 23°С во поварадарието, додека во западниот регион ќе биде нешто помала, околу 21 °С.

Во Скопје максималната ќе се движи 21°С.

Разведрување се очекува во текот на ноќта, додека првиот ден од викендот, сабота, ќе биде претежно облачно, а на некои места се очекува и краткотраед дожд.

Сепак се очекува повисока температура во однос на денешниот ден, која се очекува да достигне од 24°С до 26°С, околу 23°С во југозападниот крај и до 22°С во повисокиот крај во источниот регион.

Недела исто така ќе биде умерено облачно. Температурата ќе биде пониска во однос на саботата, само во јужните делови ќе биде потопло во однос на претходниот ден.

Без коментари

LEAVE A REPLY