Викендов Охрид беше Европски музички центар, благодарение на Авалон продукција

0
742
Во саботата во преполниот Античкиот театар, гитарскиот виртуоз Ал ди Меола одржа незаборавен конецрт. Иако вечерната темепратура во Охрид беше само 12 степени, тој иако призна дека никогаш порано не свирел на толку ниска темепратура, а лето е….ја загреа публиката и создаде музичка магија во охридскиот антички театар.
Ал Ди Меола одржа концерт во 2008 година во Универзалната сала во Скопје, а првпат настапува во Охрид на Антички театар. 
Тој заедно со италијанскиот гитарист Пео Алфонси и унгарскиот прекусионист Петер Касзас ја реализираат промотивната турнеја за неговото последно албумско издание Елисиум. На сцената на неколку нумери се појави и македонскиот познат хармоникаш Тони Пецанов. Ал ди Меола настапи во рамките на фестивалот Охрид Колинг. 
На прашањето дали ја слушал македонската традиционална музика, ни рече: „Малку да! Ми се допаѓа тоа што го слушнав! ДАЈТЕ УШТЕ, ВЕ МОЛАМ :).
https://youtu.be/LGVUIV4fMBs?t=11

Продиџи дојдоа во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, главни ѕвезди на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум со кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

13939518_1343975932297097_8129873815139847048_n

Продиџи имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. 

Како што деновииве тие најавија, за момците од Продиџи можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност што Авалон ги донесе во Македонија.

На концертот имаше публика од целиот Балкан, а беа забележани и бројни Британци фанови на овој бенд кој специјално —допатуваа во Охрид за концертот.

И бендот Продиџи и Авалон продукција од двата концерти со кои го здрмаа Охрид овој викенд одвоија суми за донирање за поплавените подрачја