Викендов пад на температурите

0
802

Во Македонија денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне во западните предели појава на локална облачност која што понекаде може и да услови и слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Македонија во четврток тропски ден, ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. Во петок промена на временската состојба. Во утринските и претпладневните часови умерено облачно, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд, засилен ветер и пад на температурата. Температурите од 24 до 34 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд и свежо со дневни температури кои ќе се движат од 20 до 30 степени.