Викендов Преспа на мапата за авантура

0
540

Од Стење од на плажа, викендов почна авантурата низ Пелагонија, односно во случајов Преспа. Се возеше велосипед, се леташе со параглајдер, се кампираше и за учесниците имаше низа спортско рекреативни, промотивни и натпреварувачки активности. Авантуристичкиот туризам како алатка во овој месец ќе се користи за промоција на Пелагонија односно на деветте општини што ја сочинуваат. Планот и целта на проектот “Откријте ја Пелагонија” е да прерасне во традиција.

goko strezovski

М-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен рече дека со овој проект ќе биде опфатено и Коњско место кое допрва треба да се истражува како и островот Голем град.

golem grad 2

Патувањето почна по водите на Преспанското езеро за да се стигне, за некои единствениот oстров во земјава, за други што повеќе ја познаваат Македонија, најголемиот остров, покрај оние речни кои ги имаме. Ова парче земја среде Преспанско езеро, се простира на 750 метра должина и 400 метра ширина, за со своите 22 хектари површина биде редок феномен кој изобилува со биодиверзитет, умерено континенатлна и планинска клима, како и водени струења од самото езеро. Островот на змиите, во последно се простува од овој надимак, бидејќи жителите и науката потврдуваат дека змиите, се се поретки од година во година, и од природна, но и од антрополошка причина.

rubinco

Рубинчо Николовски од ЦРППР вели дека на овој остров може да се најдат голем број видови на флора и фауна.

Посетата на Голем град нуди за домашните туристи, авантуристички туризам односно дестинација кој нуди туристички производ што вклучува физичка активност, природа и локална традиција/култура.

emilia geroska

Емилиа Ѓероска од ЦРППР потсети дека на островот има богата историја остатоци од верски објекти, фрески и икони кои скоро и да ги нема на друго место.

golem grad

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион се организира месецот на авантура, овој беше првиот од планираните пет, наредните активности од „Откриј ја Пелагонија“ продолжуваат во некоја друга општина, со нови авантури да се откриваат убавините на нашиот регион.