Викендов продолжуваат средбите на Заев за состав на нова влада

0
431

Вчера се одржа првата средба меѓу мандатарот за формирање нова влада Зоран Заев и Али Ахмети, лидерот на ДУИ, коалицискиот партнер на социјалдемократите. По средбата немаше официјални информации за тоа што е договорено. Разговорите ќе продолжат и викендов. Неофицијално, веќе биле договорени средбите на Заев со претставници на Беса и на Алијансата за Албанците.

„Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската влада и ЕУ и НАТО интеграциите. Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, соопштија од СДСМ по средбата, Заев и Ахмети не дадоа изјави за медиумите.

http://www.mkd.mk