Викендов со температури и до 31 степен, од понеделник заладување

0
237

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, преку денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 10, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност претежно висока. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови степени. Максималните дневни температури ќе бидат во Маврово 19, Охрид 22, Битола 26, Кавадарци 28, Берово 25, Дојран 31…

Релативно топло време ќе се задржи и утре (максимални дневни температури од 25 до 31 степен), кога во попладневните часови во западните делови од земјата ќе има локален дожд.

Од понеделник следува период на променливо облачно време со локални слаби врнежи од дожд, воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух особено во вторник и среда кога ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура.

Во понеделник дневните температури ќе се движат од 22 до 29 степени, а во вторник од 15 до 20.