Викендов температури до 34 степени

0
583

Утре поради влијанието од поле на висок воздушен притисок сончево ќе биде во текот на целиот ден, а поради продор на топла воздушна маса од југ ќе имаме и повисоки дневни температури.
Во наредните денови ќе можеме да уживаме во сончевото и многу топло време за овој период од годината, како подготовка за почетокот на летото, засега само на климатолошкото кое започнива од 1 јуни. Во сабота сончево и топло со температури од 22 до 32 степени.

Во недела претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 25 до 34 степени. Во понеделник и вторник ќе продолжи сончевото и топло време, но максималните температури ќе бидат во благо опаѓање и ќе се движат од 23 до 32 степени, односно од 22 до 31 степен.