Викендов „Тур де Галичица“

0
441

На турата која нуди адреналинско уживање,учесниците возеа 35 км на of-road патека, додека останатите 35 км ги возеа низ локалните патеки во Ресен. Оваа година од страна на организаторот беа најавени новини во настанот, но и измени кои беа дел од тридневневното дружење кое всушност почна од 16 јуни со поставување на камп на учесниците на местото викано Починалиште во Ресен.

– Тие тумби што беа со многу камења оваа година ги избегнуваме и се вози од другата страна но по истата рута се завршува. Но оваа година ќе се измени на полесен начин, инаку оваа година имаме и планинарска тура која ќе оди до највисокит врв на Галичица, Магаро се наоѓа на надморска височина од 2.255 метри  и благодарност до доста ресенчани што ќе  планинарат покрај тоа што не можеа да возат имаме подршка од сите и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред изјави, Кристијан Ќулумовски организатор на настанот

Покрај дружењето и рекреацијата, основна цел на настанот е да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.

–  Секоја година квалитетот и масовноста е се поголема  на Тур де Галичица , најдобрата потврда за популаризација е она што  се случува во Преспа изминативе години  бидејќи се повеќе млади луѓе но и возрасни ги земаат своите велосипеди спортуваат со нив и на тој начин таа популаризација на велосипедизмот од година во година има се поголемо значење за Ресен и Преспа, овие два дена Ресен и Преспа навистина живеат за овој и со овој настан и сметам дека и до година на ваков спектакуларен начин ќе ја дочекаме екипата што ќе дојди, изјави Ѓоко Стрезовски градоначалникот на Општина Ресен

Рекреативците задоволни од турата, тоа го потврдуваат со нивно повторно доаѓање.

Инаку овој настан е организиран од Велосипедско – Планинарскиот клуб „Преспа Бајк – Ресен” и помогнат од Општина Ресен.
Оваа година настанот го посветуваат на Стефан Ефремовски кој што пред две години починал на овој настан.

Без коментари